Солун бил зафатен од невреме кое довело до големи поплави, а доказ за тоа, како што пишуваат грчките медиуми биле фотографиите од улиците кои биле претворени во реки. Невремето довело и до прекин на електричната енергија, а Цивилната заштита издала предупредување до граѓаните.

Цивилната заштита претходно преку бројот 112 ги информирала жителите на Солун за претстојното невреме, апелирајќи до граѓаните да го ограничат непотребното движење бидејќи временските појави ќе бидат интензивни, пренесува in.gr./Makfax

Прикажи повеќе