Швајцарија ја зафатија едни од најсилните дождови за време на невремето, што денеска предизвика поплави и сообраќаен метеж во главниот финансиски центар Цирих.

Во текот на ноќта во Цирих паднаа повеќе од четири сантиметри дожд, а во Валдег, во околината на градот, за 10 минути повеќе од 3,1 сантиметри, објави СРФ.

Тоа се споредува со рекордните 4,11 сантиметри, кои паднаа за 10 минути во Лозана за време на бурата во август 2018 година.

Делови од автобуската и трамвајската мрежа во Цирих се во прекин, бидејќи откорнати дрвја ги блокираа линиите, а некои улици беа поплавени.

Градските власти не соопштија детали за евентуални повредени или смртни случаи.

Јужниот кантон Валис ги предупреди луѓето да не се приближуваат до реките бидејќи се зголемува нивото на водата.

Метеоролошката служба соопшти дека дождот сè уште се очекува и поплавите најверојатно ќе се влошат, особено околу езерата и реките. Се предупредува и на опасност од лизгање на земјиштето.