Жителите на Бурса, град во северозападна Турција, денеска беа изненадени од необична глетка на небото. Рано утрото на небото се појави розов облак со необична форма, а снимката набрзо ги преплави социјалните мрежи.

Необичен феномен

Кружен облак во форма на спирала се појави веднаш по изгрејсонцето, а на социјалните мрежи се појавија различни идеи за тоа на што личи оваа форма по изглед, а најчесто се споменуваше форма на летечка чинија.

Инаку, овој тип на формација е познат како леќест или неподвижен облак и најчесто се формира во тропосферата, кога воздухот е стабилен и ветровите дуваат над ридовите и планините од ист или сличен правец, а неговиот изглед може да се спореди. на леќа или чинија.