Удинезе и Илија Несторовски запишаа уште еден триумф во Серија А откако славеша на домашен терен против Сасуоло со 2-0.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби шанса од клупата во финишот на натпреварот, 86. минута.

Љоренте во 42. минута од натпреварот го отвори резултатот, а потоа Переира во судиското надополнување на второто полувреме погоди за 2-0, што подоцна се покажа за конечен резултат.

Удинезе со оваа победа ја зазема 10. позиција и има 32 бодови, додека Сасуоло е на деветто место со 36 бодови.