По шест месеци, Луис Суарез конечно реши да ја отвори душата и да открие што се случуваше пред неговиот трансфер од Барселона во Атлетико Мадрид.

Уругваецот со голем успех го носеше дресот на каталонскиот клуб, и остави длабока трага во овој тим. Затоа сите беа шокирани кога челниците на Барселона решија да го продадат на Атлетико Мадрид.

Во одличното интервју за Франс Фудбал, Суарез зборуваше за тој период и рече дека е разочаран што клубот се откажал на таков начин, и дека тој самиот намерно решил да ја продолжи кариерата во Атлетико.

Суарез има намера да и покаже на Барселона дека направија голема грешка продавајќи го, а тоа веќе успеа да го направи со неговите претходни играчи за мадридскиот клуб.

Исто така, искусниот напаѓач призна дека покрај сè, тој бил особено лут на една работа што ја направија тогашните челници на Барселона и тренерот Роналд Куман.

“Барселона ме избрка, односно тогашниот претседател го стори тоа. Она што најмногу ме налути е што ми рекоа дека сум стар и дека веќе не можам да играм на врвно ниво. Куман одобри се што рекоа и немаше друго решение освен да се оди “, рече Суарез.