Германскиот репрезентативец Марко Ројс нема да учествува на претстојното Светско првенство поради повреда со која се здоби пред неколку дена.
Капитенот на Борусија Дортмунд навистина нема среќа… Откако го пропушти СП 2014, кога Германија ја освои титулата, тој нема да игра и во Катар. Ројс е една од многуте ѕвезди кои се здобија со повреда пред почетокот на Светското првенство, што е показател за лошата одлука на ФИФА да го игра Мундијалот во текот на зимата. Поради повреди, Ројс не играше и на Еп во 2016 и 2021 година./Makfax/