Нејмар следното лето сакаше да се врати во каталонскиот гигант затоа што не беше среќен во ПСЖ, но на крајот трансферот пропадна затоа што клубовите не се договорија.

Бразилскиот репрезентативец дефинитивно донел конечна одлука околу клубот во кој ќе настапува во иднина-тоа е Пари Сен Жермен.

Според реномираниот „Л’Екип“, Нејмар уште викендов ќе се обврзе на соработка до 2026 година. Годишната плата ќе изнесува 30 милиони евра, а ќе заработи голем бонус ако тимот во наредниве сезони ја освои Лигата на шампионите.

Нејмар во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања одигра 27 меча и постигна 15 голови и 10 асистенции.