Македонија како 3-та или 4-та најсиромашна држава во Европа, прерано ги укина социјалните мерки воведени од владата во однос на цените на основните производи. Ваков став во емисијата Дебати на ТВ Шења изрази аналитичарот Бесим Небиу давајќи пример со фактот дека Унгарија која што е далеку побогата од Македонија се уште ја контролира продажната цена на нафтата.

„Македонија е 3 или 4 најсиромашна земја во Европа. Мислам дека прерано, Македонија како 3 или 4 најсиромашна земја во Европа ги укинува овие социјални елементи. Бидејќи сме толку сиромашни, има потреба малку подолго од сите други да ги држиме тие мерки“, изјави Небиу