Ако немате креативна идеја која би сте ја искористиле како честитка за Денот на жената, секогаш можете да ги искористите зборовите на големите писатели.

Паоло Коелјо

Она што е судено секогаш ќе најде начин.

Шекспир

Кога те видов, се вљубив. А ти се насмевна, зашто знаеше.

Џ. Р. Р. Толкин

Повеќе би сакал да поминам еден ден со тебе, отколку да се соочам со сите години во светот без тебе.

Орхан Памук

Среќа е да држиш некого во прегратка и да знаеш дека во рацете го држиш целиот свет.

Фото: Профимедиа

Халед Хоеини

Ќе те следам до сите краеви на светот.

Јован Дудиќ

Жените ги разнежнуваат срцата, градат јазик на друштвеност и ги подигнуваат љубовта и убавината до религиите и мудроста.
Мажите се храбри пред смртта, а жените пред животот: мажите пред другите мажи, а жените пред целата судбина.

Иво Андриќ

Жената стои како капија на излезот и на влезот на овој свет.

Максим Горки

Саканата жена никогаш не може да остари.

Фото: Профимедиа

Џорџ Гордон Бајрон

Не доаѓа ли првиот живот од женските гради? Првите зборови ги учиме од нејзината уста, првите солзи тие ни ги ублажуваат и последниот свој здив го испуштаме често на рацете на жените.

Жената не знае да почитува, туку да сака. Жените не бараат ни вие да ги почитувате, туку да ги сакате. Тие веруваат дека најпрво треба некого да сакате за потоа вистински да го почитуваат.

Рабиндранат Тагоре

Каква и да си, нека си, дојди; не колебај се при облекувањето.
И косата нека ти е расплетена и патецот замрсен и елекот откопчан, што дека.
Каква и да си, нека си, дојди; не колебај се при облекувањето.