Најсилната кошаркарска лига во светот (НБА) ги објави сите учесници на овогодинешниот „Ол-стар“ викенд. Настанот кој е закажан за викендот околу 19 февруари ќе понуди битка на Тим Леброн и Тим Јанис.

Стартери за западот од претходно одбрани се Џејмс, Јокиќ, Дончиќ, Кeри и Вилијамсон, додека на истокот тоа се Адетокумбо, Тејтум, Дурант, Ирвинг и Мичел.

Покрај стартерите, сега од НБА лигата ги соопштија и измените за „Ол-стар“ натпреварот. На списокот немаше место за ѕвезди како: Ентони Дејвис, Кавај Ленард и Џејмс Харден.

Меѓу повиканите има и тројца дебитанти, Гилџус-Александер, Џарен Џексон и Лаури Марканен. Како тренер на западот е одбран Мајк Мелоун од Денвер, додека на истокот е Џо Мазул од Бостон.

Прикажи повеќе