Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, го повтори својот личен рекорд по број на постигнати поени на еден НБА натпревар.

Србинот синоќа реализира 47 поени на мечот со Јута кој неговиот тим го доби со 128:117.

Јокиќ погоди 17 од 26 шутеви од поле, за тројка имаше четири погодоци од четири обиди, слободни фрлања шутираше 9 од 10, а исто така оствари 12 скока, пет асистенции, две украдени топки, една блокада и три загубени топки за 37 минути.

Од почетокот на сезоната Јокиќ оствари 20 последователни дабл-дабл, од кои пет се трипл-дабл.

Само Бил Волтон има подолга серија во историјата на НБА – 34 дабл-дабл во низа на почетокот на сезоната 76/77.

Нагетс ја прекинаа серијата на Јута џез од 11 победи.