Четиринаесетгодишно дете и уште две возрасни лица биле најдени починати во неготинското село Црвени Брегови.
Обвинител изврши увид на лице место, пришто од Обвинителството соопштија дека лицата биле најдени во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект.
„При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство“, велат од Обвинителството.
Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле.
Текстот Најдени три починати лица во куќа во Неготинско која се користела како импровизиран верски објект, меѓу нив 14-годишно дете е превземен од МАКФАКС.