Голманот Донарума не е баш омилен кај навивачите на Милан. Ова не е од сега, уште од порано е, пред се поради неговите високи побарувања за плата од страна на раководството на тимот. Проблем имаше и по поразот од Лацио од 3:0 кога го уловија камерите како се смее со Пепе Рејна.

Но, уште поголем проблем за фановите на Милан е тоа што Донарума наводно се согласил од следното лето да стои на голот на Јувентус.

Според информациите од италија една група на навивачи на Милан буквално го избркала Донарума од клупскиот автобус и му одржале лекција. Поставен му е ултиматум до следната сабота кога се игра мечот Милан-Јуве. До тогаш треба да потпише нов договор со Милан, или да каже дека заминува во Јувентус. Ако биде ова второто тогаш да не брани на дербито во сабота.

Наводно Донарума по оваа ситуација се расплакал.