Македонскиот ракометен репрезентативец и сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски на својот официјален Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека добил позитивен тест од Ковид-19.

– Драги пријатели,
Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19.
Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.
Чувајте се и почитувајте ги мерките.
Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.
Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.
Да празнуваме одговорно!
#НосиМаска #ДржиДистанца #НеСеГрупирај #ПразнувајОдговорно, стои во неговиот статус.