Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и ГПС уредите.

Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила вчера.

До крајот на неделата очекуваат аурорални светлосни емисии во средна географска широчина.

Соларната и хелиосферската опсерваторија на Европската вселенска агенција (СОХО) регистрираше многу светло и брзо коронално исфрлање на маса што се шири од југоисточниот крај на Сонцето. Покрај тоа, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА откри ударни бранови од експлозијата околу двата пола на Сонцето.