Баерн Минхен го елиминираше ПСЖ во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Баварците во двата натпревари постигнаа три гола, не примија ниту еден и заслужено се меѓу најдобрите осум на Стариот континент.

Интересен беше транспарентот кој навивачите на Баерн во еден момент го развирија како провокација кон газдите на ПСЖ. Јавна тајна е дека државата Катар е сопственик на клубот.

„Нашиот месар ја сече продолжената рака на Катарците“, пишуваше на транспарентот, на кој е прикажана карикатура на Ули Хенес како во едната рака држи нож, а со другата го покажува средниот прст. Логото на ПСЖ стои на раката што ја „сече“.

Таткото на 71. годишниот Хенес, почесниот претседател на Баерн, бил месар./Makfax

Прикажи повеќе