Откако Саудијците го купија Њукасл, а американските газди на Манчестер јунајтед и Ливерпул бараат купувачи, се најавува дека во Премиер лигата сака да влезе државата Катар, инаку сопственик на ПСЖ.

Advertisements

Насер Ал-Келаифи, кој е и директор на QSI, инвестициска групација од Катар која е директно контролирана од државата, се сретнал со Даниел Ливи, претседателот на Тотенхем. Катар има план да тргне по патот на Абу Даби, односно „Сити спорт груп“, во чија сосптвеност е Манчестер сити. Оваа групација во своја сопственост има и уште неколку клубови на сите континети: Њујорк и Мелбурн Сити, Јокохама Маринос, Џирона, Палермо…

Од друга страна, единствените акции што ги има QSI, освен Пари Сен Жермен, се во Брага, па за очекување е да купат уште неколку клубови, поточно да се здобијат со контролен пакет акции.

Доколку се случи вакво партнерство, тогаш во иднина Тотенхем би можел да застане рамо до рамо со богатите клубови и да се бори за сите трофеи во англискиот фудбал. Последениот трофеј Тотенхем го има освоено во Лига купот пред 15 години.