Планираното лансирање на мисијата „Артемис I“ на американската вселенска агенција НАСА беше одложено повеќе пати. Последниот пат причината беше ураганот Јан.

Сега НАСА најави нови датуми за можно лансирање на мисијата до Месечината. Тоа може да се случи најрано на 12 ноември, а најдоцна на 27 ноември.

НАСА требаше да ја лансира ракетата на 2 октомври, но го откажа поради доаѓањето на ураганот во Флорида. Од НАСА изјавиле дека биле направени проверки за потенцијалната штета од невремето, но не било пронајдено оштетување. Вселенската агенција ќе направи дополнителни инспекции и тестови пред да се одреди точен датум за лансирање.

Прикажи повеќе