Косовскиот Албанец Насер Кељменди, кој се поврзува со трговија на наркотици, бил пуштен после приведувањето во полициската станица во Лозница, пренесуваат тамошните медиуми.

Кељменди беше приведен околу 13 часот откако се појави во еден хотел на влез во Лозница.

Медиумите пренесоа дека при приведувањето на Кељменди кај него не било пронајдено ништо што би можело да го поврзе со некое кривично дело.

Нема официјални информации заради што е приведен.

Насер Кељменди во 2018 година во Приштина беше осуден на шест години затвор заради поседување дрога. Во исто време беше ослободен од обвинение за организиран криминал и за убиство на Рамис Делалиќ од Сараево.

Кељменди до 1999 година живееше во Пеќ. После војната се преселил во Сараево и е поврзан со многу криминални кругови.