Домашниот јаболков оцет е природен производ кој лесно се прави, а има неверојатни лековити и хранливи својства. Може да се  користи за салати и разни јадења, како и за конзервирање зимница. Квалитетот на јаболковиот оцет зависи од сортата јаболка кои ќе ги користите за правење. Колку поблаги се толки повеќе алкохол ќе добиете, а тоа ќе го забрза процесот на создавање оцетна киселина.

Јаболката добро измијте ги исечете ги на коцки, оставете ја и средината. Ставете ги во голем сад, прелејте со врела вода, да ги прекрива до 3 сантиметри над нив. На килограм јаболка оди 300 г мед или 200 г шеќер и 100 г мед. Кога ќе го додадете медот, добро измешајте да се растопи. Земете два слоја газа, прекријте го садот и нека стои 10 дена во просторија во која температурата е 20-30 степени. Со дрвена лажица  мешајте ги јаболката 2-3 пати на ден. По 10 дена исцедете ги, извадете ги јаболката и добро стиснете ги да  ја исцедите од нив течноста. Соберете ја во сад со широк отвор и преку него ставете газа. Нека стои еден месец во истата просторија. Потоа исцедете го оцетот низ ленена крпа и соберете го во шишиња кои добро ќе ги затворите. Чувајте го во фрижидер на температура 6-8 степени за да се сочуваат позитивните својства. Домашниот јаболков оцет содржи 2-3 проценти алкохол и има посилен вкус од купениот оцет, а побогат е со минерали и витамини.