Екипата на Наполи, која во Амстердам го совлада Ајакс со 6-1, му го нанесе најтешкиот пораз на холандскиот тим во последните 58 години. Воедно, Наполи стана првиот тим кој на средина од сезоната во Лигата на шампионите успеал да постигне двоцифрен број на голови, вкупно 10. Екипата на Наполи, во првите 3 кола од групните натпреварувања, има освоено 9 бода, забележувајќи 13 гола во оваа серија, со просечни 4,3 гола по натпревар.

Прикажи повеќе