Ливерпул врза четири порази на „Енфилд“ во Премиер лигата.

Слично сценарио се случи уште во 1923 година, а нов удар врз „црвените“ нанесе Евертон, кој синоќа славеше со 0:2.

Покрај лошите резултати, навивачите се загрижени и за ударното трио Салах – Мане – Фирмино.

Гореспоменатото трио верувале или не сè уште е без гол на „Енфилд“ во 2021 година кога е во прашање Премиер лигата.

Испратија вкупно 35 удари, седум во рамките на голот и не ја затресоа мрежата на противникот од играта.

Неверојатни податоци со оглед дека ова е еден од најсилните напади во клупскиот фудбал.