Ноќеска, околу 40 минути по полноќ, во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Х.Л. од Украина.
Според пријавеното, тој во Градски парк во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои потоа му одзеле паричник со лични документи, пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.