Наоми Осака, не планира камбек на тенисот, откако потврди дека нема да игра на Австралија опен, продолжувајќи ја долгата пауза од тенисот.

Advertisements

Јапонката, која победи во Мелбурн во 2019 и 2021 година, падна на 47. место на ВТА листата откако нема играно од септември, кога се повлече од второто коло на домашниот турнир во Токио. Таа има само еден комплетиран меч од мај, и имаше порази во првото коло во своите последни три турнири, вклучувајќи го и САД опен.

Минатата недела таа на социјалните мрежи објави фотографии од своето патување во Европа заедно со своето момче, американскиот рапер Кордеј и нејзиното повлекување беше очекувано.

Австралија опен, кој стартува на 16 јануари веќе загуби поголем број на ѕвезди, вклучувајќи го светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз поради повреда, како и Симона Халеп и Венус Вилијамс./Makfax/

Прикажи повеќе