Специјален подарок од „Најк“ во пресрет на дуелот против Украина во второто коло на Европското првенство. Ѕвездата на Македонија е дел од фамилијата на познатиот бренд за спортска опрема.
Енис на својот инстаграм-профил се пофали со подарокот, со неговите иницијали и македонско знаме на патики, со порака: На и надвор од теренот, ние навиваме за тебе…
Пред неколку дена нашиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров исто ги сподели новите патики за Ф4 завршницата, на нив го имаше македонското знаме.
