По повод 31-годишнината од „Денот на независноста“ на С Македонија, претседателот Стево Пендаровски им ја додели наградата „8 Септември“ на четворица спортисти кои во својата кариера успеале да се закитат со медали од Летни олимписки и Параолимписки игри. Меѓу наградените се Шабан Трстена, параолимписките шампиони Оливера Наковска-Бикова и Бранимир Јовановски, како и сребрениот медалист од минатогодишните игри во Токио, Дејан Георгиевски.
Шабан Трстена, најмлад освојувач на олимписки медал во борење, освоен на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година и единствениот спортист Албанец, кој е почестен со оваа висока државна награда.
„Добив многу награди кои немаат граница, но ова е нешто посебно, што се доделува по повод 31 годишнината од независноста на државата и ја доделува претседателот на државата. Мојата земја, владата и претседателот знаат да ги проценат своите спортисти. Даваат пример дека и другите треба да ги почитуваат спортистите кои толку многу придонеле… Гордост е за државата и нацијата, но и за мене што ја добивам оваа висока државна награда“, изјави Шабан Трстена, олимписки шампион.
Дејан Георгиевски вети дека ќе даде сè од себе од следните Летни игри во Париз, во 2024 година, да ја израдува спортската јавност и со олимписко злато.
Махир Тачи