Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се соочија само еднаш (четвртфинале на Ролан Гарос, победи шпанецот), бидејќи најчесто не можеа да играат истовремено на ист турнир.

Advertisements

Сепак, Надал, кој е победник на 22 грен слем, го пофали својот српски ривал, победник на 21 грен слем.

„Очигледно мојот најголем ривал е Новак Ѓоковиќ. Дополнително, тој ми е најблиску по освоените слемови во кариерата. Но и поради фактот што многупати сме се соочиле. Меѓу тенисерите со кои сум се соочил во кариерата, дефинитивно најопасен противник ми е Новак“, изјави Надал. Двајцата тенисери моментално се во Торино, каде викендов стартува последниот турнир за оваа година, АТП-финалето на кое играат најдобрите во светот.

Надал никогаш не го освоил овој турнир иако два пати бил во финалето (2010 и 2013 година). „Секогаш е задоволство да се игра на последниот турнир во годината. Тоа значи дека имав позитивна сезона“, изјави Надал.

Прикажи повеќе