Над 30.000 луѓе го следеа тренингот на Пари Сен Жермен во Доха пред пријателскиот натпревар на парижаните против фудбалерите од првенството на Саудиска Арабија, предводени од Кристијано Роналдо.

Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар предизвикаа невидена сензација на стадионот Калифа во Доха. Судирот се чека со голем интерес. Навивачите ќе можат да ги видат Кристијано Роналдо и Лионел Меси како се соочуваат уште еднаш.

Од друга страна, ова ќе биде прв натпревар на Роналдо во Саудиска Арабија по неговата преселба во Ал-Наср пред неколку недели. Организаторите веќе известија дека добиле преку 2 милиони онлајн барања за билети.

Прикажи повеќе