Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) на социјалната мрежа Фејсбук најави дека наскоро доаѓа новитет и според најавата ќе бидат промовирани нови дресови.

Национален тим долго време нема променето дизајн на дресот со државниот грб. Требаше да се добијат нови дресови за Европското првенство (ЕП) кое се играше во 2020 година, но немаше промена.

Новите дресови се најавени овој месец, со нив се очекува да се тргне во квалификациите за ЕП 2024 и на контролниот натпревар против Фарски Острови. Според фотографијата објавена на ФФМ, спонзор останува компанијата „ЈАКО“ која обезбедува опрема за нашите селекции од 2014 година./Gol.mk/

Прикажи повеќе