Беки Холт (33) од Чешир, која медиумите ја прогласија за најтетовираната жена во Велика Британија, покажа како би изгледала без тетоважи.

На половина од своето тело, кое инаку е речиси целосно покриено со тетоважи, таа нанела дебел слој пудра за да не се гледаат тетоважите и ги прашала своите следбеници како повеќе им се допаѓа.

„Не можеш да имаш премногу тетоважи, ако јас би се прашувала“, „Ти си прекрасна со нив и без нив“, „Еднакво. Очигледно си природно убава и тетоважите само го истакнуваат тоа“, ѝ напишале дел од следбениците на социјалните мрежи.

Во интервјуто за „Сан“ таа признала дека најмногу ја болеле тетоважите на пазувите и на препоните, но и дека никогаш не би ги отстранила со ласер. „Навистина ги сакам моите тетоважи“, додала таа. Беки рекла и дека луѓето се љубезни кон неа кога телото ќе го покрие со шминка, а понекогаш и се плашат од неа.