Популарниот актер веќе полна деценија е во среќен брак, а неговата сопруга и тој не планираат да станат родители и не ја кријат нивната причина за тоа…

Актерот, комичар, продуцент и сценарист Сет Роген спаѓа во групата највредни луѓе на Холивуд – тој секогаш е вклучен во повеќе проекти кои доживуваат огромен успех. Како што истакна, тајната на неговиот успех е тоа што не е татко.

„Луѓето ме прашуваат: „Како работиш толку работи?, а мојот одговор е – немам деца… Немам што друго да работам“, изјави Роген.

Актерот во 2011 година стапи во брак со актерката Лорен Милер, а сега објасни дека тие двајца одлучиле да не станат родители.

„Би рекол дека таа уште помалку сака деца од мене. Мене можеби и би можеле да ме убедите, но неа сигурно не“, изјави Сет во интервјуто кое му го даде на познатиот радио водител Хавард Стерн.

Актерот истакна дека родителството не го смета за забавно, и дека тој и неговата сопруга сакаат да се забавуваат.

„Не познавам никој на кој децата му пружаат толку среќа како на нас животот без деца“, изјави тој низ насмевка.

„Сакаме неделно утро поминато во креветот, пушиме марихуана, гледаме филмови голи. Доколку имаме деца, не би можеле да го правиме тоа“, додаде тој.

На констатацијата на Стерн, кој има три деца, дека луѓето кои имаат деца мораат да ги постават како приоритет и да заборават на било каква нарцисоидност, Роген се надоврза со зборовите:

„Да, а јас тоа не го сакам. Тоа не ми звучи забавно. И зошто би имал? Има доволно деца. Зарем ни се потребни уште луѓе? Кој ја гледа планетава во овој момент и си помислува дека ни се потребни уште деца? Мене тоа ми е збунувачко!“, заклучи актерот.