Ако барате име од странско потекло за вашето малечко кое е „на пат“ да се роди, на овој список може да најдете прекрасни имиња кои се многу популарни во 2021 година.

Инспирирајте се од слатките и звучни имиња од француско, германско, грчко, ирско, англиско или руско потекло и одберете го идеалното име за вашето бебе!

Астрид – потекнува од саксонското Асфрид и значи обожавана од боговите.

Алан, Ален – има ирско потекло, значи убаво, сјајно.

Андреа – има грчко потекло и значи личност која е силна и храбра

Алекс – скратено од грчкото име Александар, значи личност која ги штити луѓето

Бригит – име со келтсто потекло и значење висока, моќна, силна.

Кармен – од оригиналното шпанско име Кармела, со значење на градина.

Селин – потекнува од латинското Каелестис, со значење на дадена од небото, небесна.

Клара – потекнува од италијанското Кјара, значи јасност, чистина.

Даниел – по потекло од еврејската традиција, со значење на водач.

Денис – модерна варијанта на името Дионис.

Дениса – женска варијанта на името Дионис со значење ќерка на Зевс.

Дорис – со грчко потекло и значење на подарок.

Фани – со италијанско потекло од Францеска, што значи слободна.

Гуја – со германско потекло и значење на шума.

Илари – доаѓа од латинското Хиларис и значи весела.

Инес – со грчко потекло – Хагхос, значење чиста.

Омар – од арапско потеко со значење на долг живот.

Малика – со арапско потекло и значење на кралица.

Оскар – со германско потекло, значење војник на бога.

Маша – руско потекло, варијација од Марија.

Раул – по потекло латинско име со значење слава на нацијата.

Наоми – со еврејско потекло значи радост.

Нивес – латинско име што значи снег.

Наталија – од латинското Наталис, раѓање.

Табита – со арамејско потекло, значење – газела.

Јари – со руско потекло, значи одбран од бог.

Јоланда – со француско потекло и значење „боја на темјанушка“