Дали знаете во кој хороскопски знак се родени најмногу сериски убијци? Никогаш не би рекле, изгледаат како мирни и пријателски расположени луѓе.

Иако Рибите обично се сметаат за мирољубиви, тие се најдоа на врвот на оваа листа.

Дури пет од 25 сериски убијци на листата се родени под овој знак, и тоа: Денис Редер (убиец на БТК), Ајлин Вуорнос (ја игра Шарлиз Терон во филмот Monster), Доналд Хенри Гаскинс, Џон Вејн Гејси (Кловн убиец) и Ричард Рамирез (Ноќен демант).

Второто место го делат три хороскопски знаци.

Во секој од нив се родени тројца од најкрвожедните сериски убијци. Во знакот на Близнаци се родени: Питер Сатклиф (Јоркшир Рипер), Џефри Демер и Дејвид Берковиц (Синот на Сем). Еден од најпознатите сериски убијци во светот Тед Банди е роден во знакот на Стрелец. Освен него, тука се и Денис Нилсен и Едмунд Кемпер (кој ја уби мајка му).

Тројца убијци се родени и меѓу инаку крајно емотивните Ракови. Тоа се: Гери Риџвеј (Убиец на зелената река), Роберт Хансен и Луис Алфредо Гаравито.

Секако, тоа не значи дека некој е предиспониран да стане сериски убиец само затоа што е роден во одреден знак.