Најмалку 51 лице загинаа во две одделни сообраќајни несреќи во западен Пакистан во неделата, кога автобус падна од мост и одделно се преврте чамец во кој имало деца.

Засега е потврдено дека 41 лице загинаа кога автобус падна од мост во југозападен Пакистан, а потоа се запали, изјави владин претставник на 29 јануари.

Високиот функционер во областа Лазбела во провинцијата Балучистан, Хамза Анџум, рече дека тројца луѓе биле спасени, а се претпоставува дека автобусот превезувал 48 патници.

Автобусот удрил во столб на мостот и излетал од курсот.

Лошите автопатишта, слабите безбедносни мерки и несовесното возење придонесуваат за мала безбедност на патиштата во Пакистан.

Најмалку 10 ученици загинаа во несреќа со брод во северозападниот дел на Кибер Пахтунхва, соопштија официјални лица. А се трага уште по девет, кои се водат како исчезнати, соопшти локалната полиција, а операцијата за спасување е во тек.

Претставникот на локалната полиција во Кибер Пахтунхва, Мир Рауф за АФП изјави дека сите мртви досега извлечени од езерото биле на возраст меѓу седум и 14 години.

Тој рече дека се спасени уште 11 деца, од кои шест се во критична состојба, а се трага по уште девет ученици.

Според проценките на Светската здравствена организација, повеќе од 27.000 луѓе загинале на патиштата во Пакистан во 2018 година. Во Пакистан вообичаени се и несреќите со пловни објекти, оти се стари и преоптоварени и ја губат стабилноста./slobodnaevropa/