Современ томограф денеска доби Клиниката за неврологија со кој ќе биде можно снимање на пациентите со мозочни удари за само неколку секунди. Апаратот е обезбеден како резултат на соработката на Министерството за здравство со Светската банка.

Овој апарат навистина многу ќе значи за брзата дијагностика на нашите пациенти, пред сè, со мозочни удари, но и за другите заболувања. Апаратот е најсовремена технологија, која овозможува брзо снимање на пациентите. Времето е максимално скратено на само неколку секунди за едно снимање, со што пациентите примаат помала доза зрачење, што е многу важно. Апаратот има можност за перфузиона томографија и за правење ангиографски слики, односно снимање на крвните садови на мозокот и на ‘рбетниот столб, со што ќе се подобри дијагностиката на церебрално-васкуларните заболувања, меѓутоа и на другите болести, кои се дијагностицираат и лекуваат на Клиниката за неврологија, рече директорот Иван Барбов.

Министерот Беким Сали објасни дека компјутерскиот томограф за Клиниката за неврологија е дел од новата опрема набавена за вкупно 14 јавни здравствени установи. Тој денес пушти во употреба нова опрема и во Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“, која доби компјутерски томограф, два мобилни рендген-апарата и еден дигитален рендген-апарат

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.