На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34 128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Advertisements

Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5 407 денари.

Најмногу пари или 14 417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10 826 денари за режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2 528 денари, додека за хигиена 2 381 денари.

Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности.

Прикажи повеќе