За време на Првата светска војна, селото Цапари, Битолско, било на линијата на фронтот, а во близина на селото биле закопани бугарските војници кои загинале бранејќи ja Црвенaта стена (кота 1248 – место каде се воделе борбите). Во 2004 година, гробиштата станаа првите официјално признати бугарски воени гробишта на територијата на Северна Македонија, јавува БТА.
„Ова е момент кога гледаме на историјата и се сеќаваме на дела на храброст, подвиг, саможртвување во име на националните идеали. Бугарската историја е придружена со многу војни за заштита на државноста и националниот идеал, нашата воена историја е полна со примери на храброст и херојство. Има многу златни страници испишани со подвизи на бугарската војска и воените успеси на бугарската војска. Таков е случајот овде. Во пролетта 1917 година, Шестата и Осмата пешадиска дивизија стационирани овде ги бранеа своите позиции три месеци и успеаја да го поразат противникот. Така не успеа целата пролетна офанзива на Антантата да стигне до долината на реката Вардар. Победата беше остварена по цена на многу жртви. Оваа победа ја поддржа и локалното население. А воените гробишта, спомениците на офицерите во дворот на црквата во селото се сеќавање и историја зачувани до денес. Овие воини достоинствено ја исполнија својата должност и го заслужуваат нашето поклонение“, рече во својот говор бугарскиот заменик министер за одбрана Радостин Илиев.
„Воините кои загинаа овде, се дел од нашето тело, тие ја дадоа најголемата цена во одбрана на татковината и нашиот народ. Затоа сме тука. Затоа се сеќаваме на нив и овој пример треба да не инспирира за секојдневна, постојана работа за подобрување на нашата татковина, затоа ви благодариме што сте тука, за да може овој пример да им се донесе на роднините и пријателите, во Бугарија, во Северна Македонија, бидејќи цената што треба да ја платиме, работејќи секој ден за нашата татковина, ќе биде далеку помала, од цената што ја платиле нашите херои“, им се обрати на присутните амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија Желјазко Радуков.
На споменикот на бугарските воени гробишта беа положени венци и цвеќиња во име на министерот за одбрана и началникот на одбраната на Бугарија, Амбасадата на Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, Централното воено окружие во Софија, воените аташеа на Хрватска, Италија, Унгарија, Романија, Велика Британија, Украина, Кина, Словенија, како и во име на здруженијата на Бугарите во Северна Македонија.
На бугарските воени гробишта во селото Цапари, покрај заменик министерот за одбрана Радостин Илев, присуствуваше и директорот на Управата за комуникации и информациски системи на Министерството за одбрана, бригаден генерал. Димитар Хлебаров, директорот на Дирекцијата „Социјална политика и воено-патриотска образовна политика“ о.р. Генерал-полковник Димитар Илиев, началникот на Централниот воен округ-Софија, полковник Георги Георгиев, заменик-директорот на Дирекцијата за политика за вооружување во Министерството за одбрана, Петко Александров, потполковник Асен Ламбев – воено аташе на Бугарија во Северна Македонија, дипломати од дипломатските претставништва на Бугарија во Скопје и Битола, питомци од Вишата воздухопловна школа „Георги Бенковски“, претставници на бугарските здруженија од Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струга, Скопје.
Во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Цапари се отслужи панихида за загинатите, а бугарската делегација положи цвеќе и на надгробните споменици на седуммина бугарски офицери погребани во дворот на црквата.
Вчера бугарската делегација положи и венци и цвеќе на спомен плочата на бугарските војници загинати во 1914-1918 година на воените гробишта во Прилеп, каде се погребани и австроунгарски, германски, романски, руски, турски, српски и албански војници. Беа положени венци и свежо цвеќе на споменикот на 193 бугарски офицери и војници во атарот на селото Дреново, општина Кавадарци, и споменикот на загинатите бугарски офицери и војници во дворот на црквата во село Беранци, Битолско.
Галерија од настанот погледнете овде.