МВР има оперативен план за неутрализирање на насилни протести. Иако Бирото за јавна безбедност се повикува на кредибилитетот на планот, од МВР велат дека оперативниот план спречува ескалација на протестите и нарушување на јавниот ред и мир.

„Сите дејства се преземаат врз основа на претходен оперативен план изготвен согласно овластувањата и активностите на полицијата со цел следење на состојбите и одржување стабилна состојба во безбедноста и јавниот ред“, наведуваат од МВР.

Од МВР не коментираат дали во нивниот домен на истрага се и изјавите на одредени политички лидери кои преку протести повикуваат на насилство, евро-азиски сојузи и стратешко партнерство со Русија. Секторот за внатрешни работи ги чува и информациите за размена на податоци со службите за безбедност за интервенции од странство при организирање на протести против францускиот предлог.

На синоќешните протести, кога демонстрантите насилно го пробија првиот полициски кордон пред Владата и Собранието, бил повредени четворица полицајци. МВР работи на расчистување на случаите и апсење на осомничените за насилство.