Во своето денешно издание, каталонскиот весник Мундо Депортиво ги откри плановите за трансфер на новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта.

Новоизбраниот претседател на клубот има големи планови, па тимот на Барселона би можел да изгледа многу поразлично следната сезона.

Првата желба на Каталонците е Ерлинг Халанд. Тој луксуз би го чинел тимот од „Камп Ноу“ 110 милиони евра, а тие пари би биле собрани со продажба на одредени фудбалери.

Другите засилувања би дошле во клубот како слободни агенти, и ова се навистина големи sвезди со кои Барса сигурно би можела да го нападне европскиот врв.

Ерик Гарсија е веќе готов и Лапорта ќе се обиде да ги заврши трансферите на Давид Алаба, Серхио Агуеро и Мемфис Депај.

Сите тие се слободни агенти од летото. Ова го олеснува нивното доведување и се што треба да се преговара е нивната плата.

Ќе видиме дали некој од овие играчи на крајот навистина ќе заврши во редовите на Барселона.