Претпладне, на државно, со месеци се чека на слободен кревет за операција на пример, а попланде, на приватно, работата може да се заврши и за ден-два, пишува МКД.мк
Здравствените власти пак најавуваат измени во Мој термин. Министерот за здравство неодамна најави дека ќе следат измени во начинот на кој се закажува термин кај лекарите со што ќе се овозможат повеќе термини кај еден доктор.
Дали ова ќе го реши проблемот со чекање со месеци за слободен термин и прегледи и операции кои се наплаќаат на приватно?
На официјалниот интегриран национален систем за електронско закажување и евидентирање на медицински интервенции Мој термин многу ретко се наоѓа слободен термин во Скопје или во други градови во државата за истиот или пак следниот ден. За посериозни медицински интервенции се чека и до три месеци. Кога побаравме термин за одделот за интерна медицина во Скопје на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, на компјутерот слободен термин добивме за три месеци. Во поликлиниката Букурешт – 22 дена. Прв слободен термин на општа хирургија во Скопје во ЈЗУ Градска општа болница 8 Септември е за 13 дена. На универзитетската Клиника за кардиологија од вкупно 30 доктори колку што има наведено во Мој термин, само кај двајца од нив може да се најде термин и тоа првиот е за 20 дена, а кај вториот доктор после 38 дена, а кај другите доктори треба да чекате повеќе од три месеци.
Целата вест на МКД.мк