Пеењето „до, ре, ми фа, сол, ла…“, свирење гитара, тапани, пијано или каков било друг инструмент е еден од најдобрите начини за стимулација на умот на млад човек.

Дури и ако децата се откажат од часовите по музика кога ќе влезат во бунтовничката фаза која ја носат тинејџерските години, когнитивните невролози велат дека култивирањето на музичка способност на рана возраст има придобивки за цел живот.

Пуштањето музика може да им помогне на децата да читаат подобро, да чуваат спомени и да зборуваат на различни јазици.

unsplash

Во неодамнешното истражување објавено во „Journal of Neuroscience“ научниците пронајдоа дополнителни докази за поддршка на оваа тактика за „градење“ на мозокот.

Учењето музика во детството, велат тие, всушност го прави мозокот повеќе поврзан со надворешниот свет, давајќи му невролошка „пластичност“ способна да ги подобри невролошките способности надвор од музиката.

Искуството го обликува човековиот мозок

Оваа студија, меѓу другото, покажува дека искуството го обликува човечкиот мозок“, вели коавторот на студијата Луц Јанке, истражувач по невропсихологија на Универзитетот во Цирих.

Тој и неговиот тим во студијата откриле дека мозокот на музичарите има посилни структурни и функционални врски во споредба со оние кои не се музичари.

unsplash

Оваа подобрена меѓусебна поврзаност го опфаќа и делот помеѓу и во рамките на церебралните хемисфери и била особено силна во деловите на мозокот одговорни за обработка на звуци како што се музика и говор.

Музиката не е единствената практика што ги поттикнува овие врски, ниту, пак, меѓусебната поврзаност е корисна само за младите. Истражувачите забележале слични, позитивни промени во мозокот предизвикани и од други активности вклучувајќи балет, голф и шах – без оглед на возраста на личноста.

Научниците велат дека учењето на каква било предизвикувачка вештина има придобивки за мозокот, без оглед кога е започната.

unsplash

Наодите се важни за секаков вид експертиза, во сите области каде што едно лице може да ги подобри своите знаења и вештини преку интензивна долгорочна обука“, вели коавторот на студијата, Сајмон Лејполд, психијатар на Универзитетот Стенфорд.

Претходните студии кои истражуваа како музикаа влијае на структурата и функцијата на мозокот дадоа различни резултати.

Некои веруваат дека одредени делови од мозокот на музичарот се поголеми и дека покажуваат извонредни способности при процесот на слушање и собирање информации.

Instagram

За да дојдат до нови докази, Луц Јанке и Симон Лејполд и нивните колеги регрутирале 103 професионални музичари и 50 луѓе кои немале допирна точка со музика – што до денес е најголемиот примерок на музичари за истражување на мозочните функции.

Тимот користел функционална магнетна резонанца и дифузно тензорско сликање за да ги пресмета врските во мозокот на учесниците. Користејќи ги најсовремените техники на компјутерски алгоритам, тимот потоа ги споредил скенираните материјали на музичарите со апсолутен слух и оние кои не биле музичари, наоѓајќи слични мозочни мрежи помеѓу оние кои свиреле некој инструмент.

Како се разликуваат мозоците на музичарите?

unsplash

Двете групи музичари покажале „зачудувачки слични мрежи“ во сите анализи, објаснува Јанке. Но, спротивно на очекувањата, тимот не видел значителна разлика помеѓу редовните музичари и оние со апсолутен слух во сите мерки на функционална или струкутрна поврзаност.

Мозокот на сите музичари беше структурно и функционално поврзан многу повеќе отколку на не-музичарите, особено во деловите на мозокот одговори за говорот и звукот (особено аудитивниот кортекс на двете хемисфери). Овие врски „носомнено“ ги подобруваат музичките способности на групите“, објаснува Лајполд.

Групата музичари покажале посилни врски помеѓу аудитивниот кортекс и другите области на мозокот во фронталниот, париеталниот и темпоралниот кортекс, за кои се знае дека се вклучени во контролата на повисоките когнитивни функции како што се меморијата, работната меморија и извршните функции.