Чешка може да протера околу 60 членови на руската Амбасада во Прага доколку Русија до пладне не ја повлече одлуката за протерување на чешките дипломати од Москва.

-Станува збор за околу 60 лица. Целта е овој број руски персонал да одговара на бројот на вработени што сега се наоѓаат во нашата амбасада во Москва, изјави шефот на чешката дипломатија, Јакуб Кулханек, за „Лидове новине”, пренсе Тасс.

Прага тврди дека Москва учествувала во експлозијата во складиштето за муниција во чешкото село Врбетице во 2014 година, поради што чешките власти протераа 19 руски дипломати, тврдејќи дека тие се дел од воено-разузнавачка служба ГРУ.

Москва одговори со протерување 20 члена на чешката Амбасада од Русија.