МОМЧЕТО Дејвид Балогун (9) од Пенсилванија успешно заврши средно училиште и веќе започна со настава во локалниот колеџ во округот Бакс.

Балогун веќе е член на Менса и е еден од најмладите кои успеале да го завршат средното образование. Неговите родители, Хенри и Роња, рекле дека нивниот син отсекогаш бил исклучително заинтересиран да учи за разни работи и поради тоа уште од мали нозе го подготвувале за академски успех.

Дејвид е многу заинтересиран за програмирање, но во иднина сака да биде астрофизичар. Во интервју за Фокс 43, Дејвид изјави дека секогаш знаел дека сè е можно за него, само ако напорно работи за тоа.

„Сфатив дека можам да завршам средно училиште пред да наполнам десет години, само ако вложам многу труд во тоа и со помош на моите родители. Сакав да завршам средно училиште бидејќи знаев дека веќе имам способност да завршам Па зошто да не ја искористам таа способност? Сакам во иднина да бидам астрофизичар и да ги проучувам црните дупки и суперновите“, рече Дејвид, кој официјално ќе ја добие својата диплома за средно образование во јуни.

Исто така, Балогун сака да биде инспирација за другите и да каже дека можеби не е единствениот што ги има овие способности и дека тоа што го постигнал е многу возможно. Неговите родители, кои исто така се образовани на факултет, сакаат Дејвид да постигне се што сака и сакаат тој да го достигне својот целосен потенцијал.

„Морав да размислувам надвор од кутијата. Дејвид има девет години и има мозок кој е способен да обработува податоци и да разбира работи што дури и некои возрасни луѓе не можат“, вели неговата мајка Роња. Дејвид во слободно време сака да игра со сестра си, а хоби му се карате и бејзбол.