Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски, или популарно Иџе, во 12:15 денеска ќе ја вози втората трка на патеката Имола во Италија. Вчера заврши на второто место, а во 2016-та исто така се искачи на подиумот, односно беше прв. Утрово тој објави фотографија со годинешната награда и онаа пред пет години и им посака добро утро на своите фанови.