Во врска со големите пожари кои ја зафатија соседна Грција, според последните информации од дипломатско – конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при евакуација. Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните институции на Грција. Илјадници туристи во островот Родос се на безбедно место, но засега не може да се потврди државјанството на евакуираните лица.

Министерството за надворешни работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.

Министерството за надворешни работи на Грција од денес во 17.00 часот ќе постави Help Desk на меѓународниот аеродром во Родос за да ја олесни соработката со странските амбасади и навременото заминување на туристите кои ги изгубиле личните документи.

За повеќе информации, на располагање се дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.