Министерството за надворешни работи најостро ги осудува инцидентите од 27 јули 2023 година во градот Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, приврзаници на ПФК „Левски“, а еден од нив беше особено тешко повреден. Ова стои во позицијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија по настаните што се случија вчера пред и по фудбалскиот натпревар меѓу ПФК Левски и фудбалскиот клуб Шкупи од Скопје, јавува Трибуна.
Ранетиот бугарски државјанин моментално е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операцијата во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот сонародник и неговите роднини, како и со локалните здравствени власти.
Жалиме што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент.
Уште еднаш ја нагласуваме клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани.