„На кого во Македонија би му сметало, ако стојат Бугарите во Уставот на Република Македонија? “, тоа реторичко прашање го постави Добре Митрев, претседател на МБП-Скопје, во вечерашната емисија 360 степени на Алсат.

Митрев додаде дека токму македонските Бугари се луѓето што пред 1945 и по таа година се бореле за независна македонска држава.

Според Митрев медиумите имаат многу голема улога во промоцијата на правата на Бугарите во Македонија.

„Кој медиум има рекламирано културен настан, што го организира бугарската амбасада во Македонија? Нема таков.“, вели Митрев.

Тој како пример за тоа свое тврдење ја спомна театарската претстава „Железниот светилник“ од Димитар Талев, која не го доби потребниот публицитет од страна на македонските мејнстриим медиуми и покрај фактот што родениот во Прилеп автор, е еден од најпреведуваните бугарски писатели во светски рамки.