Перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка во неделата, откако призна дека е вакцинирана против коронавирусот на 22 јануари, пред да започне националната програма за имунизација.
Претседателот Франциско Сагасти изјавил дека е огорчен и лут поради тој настан, пренесува „Ројтерс“.
Астете е втор член на владата што поднесе оставка, откако истото го стори и министерката за здравство, Пилар Мацети.
Перу е сериозно погоден од пандемијата на коронавирусот, а здравствениот систем на земјата е преоптоварен.