„Ние како партија дискутиравме на таа тема, и иако гледаме дека во компоративното изборно право волјата на граѓаните и одговорноста на пратеникот е највисоко изразена кај мнозинскиот изборен модел, кога еден пратеник е во една изборна единица и самиот се натпреварува со своите колеги. И тогаш е најмногу одговорен пратеникот кон избирачите и граѓаните. Гледаме дека во последно време повеќе политички субјекти и граѓански субјекти имаат желба моделот да се трансферира кон една изборна единица. И ние рековме дека сме спремни да разговараме за тој модел. Не би поднесувале ние предлог закон за една изборна единица, но би дале целосна поддршка за разгледување на веќе поднесениот предлог закон од помалите партии кои што во Собранието егзистираат како што се ЛДП, ДОМ,ДС,ВМРО Народна, Левица и други кои што веќе поднесоа предлог закон за една изборна единица, но токму владејачкото мнозинство и претседателот на Собранието тој предлог закон го држат во фиока и никако да додје на Дневен ред на собраниска седница за да се разговара околу него“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека е време тој предлог закон собраниското мнозинство да го откочи, да дојде на Дневен ред на Комисии, на Пленарна седница. И да се види кој какви предлози ќе даде во врска со овој предлог закон за една изборна единица.