Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски вели дека пратениците од власта гласале против декларацијата за Гоце Делчев која беше ставена на дневен ред на денешната комисија за надворешна политика. Според него пратениците од СДСМ/ДУИ гласале  против декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, и истата не била  усвоена.